Загреб, 12 мај 2020 година - На денешната седница на Надзорниот одбор на Краш АД, Славко Ледиќ e назначен за претседател на Управниот одбор. Должноста ќе ја преземе на 16 мај, на која доаѓа од функцијата претседател на Управниот одбор на Конзум, што тој успешно го водеше изминатите пет години. Актуелниот претседател на Управниот одбор на Краш АД, Дамир Булиќ преминува на позицијата член на Управниот одбор, каде заедно со другите членови ќе продолжат да создаваат уште подобар Краш, за благосостојба и задоволството на своите вработени и потрошувачи, што остануваат клучни приоритети на компанијата.
„Исклучително сум горд што ја преземам одговорноста на Претседател на Управниот одбор на Краш и сигурен сум дека ќе придонесам за реализација на сите потенцијали што оваа компанија несомнено ги има. Нашата цел е да го поставиме Краш во позиција на водечката кондиторска индустрија во регионот, а тоа ќе го постигнеме преку подобрување и модернизација на деловните процеси и одржување и развивање на сите вредности на кои Краш ја заснова својата успешна историја долга скоро 110 години. Фокусот на мојата работа ќе биде на зголемување на производството и продажбата, односно зајакнување на позицијата на постојните пазари и проширување на нови, сите засновани на врвен квалитет, долга традиција и препознатливост на брендовите и производите на Краш. Благодарам на мојот колега Дамир Булиќ кој досега успешно ја водеше компанијата и благодарам на сите вработени кои со години го создаваат и развиваат Краш. Драго ми е што заедно ќе продолжиме да создаваме нови вредности. Благодарен сум им на сите во групата Конзум и Фортен за нивната поддршка и доверба во текот на сите овие години “, изјави Славко Ледиќ.
Раководството на Краш работи на натамошно прилагодување на своето работење во контекст на последиците од овие тешки времиња, како и на развивање планови за различни идни сценарија и нивото на влијание од криза врз работењето на компанијата, индустрискиот сектор и економијата како целина. Покрај тоа, меѓу првите чекори на новиот претседател на Управниот одбор ќе биде и длабинска анализа на работењето, со цел да се изготви план за реструктуирање и натамошни инвестиции, веќе започната кон крајот на минатата година,. Предизвик на новиот управен одбор ќе биде реализација на огромниот потенцијал на компанијата преку зајакнување на ефикасноста на каналите за дистрибуција, отворање нови пазари, зголемување на оперативната ефикасност и продуктивност и модернизација на постојните капацитети. Најголема вредност на Краш и натаму ќе бидат неговите работници, а Краш ќе продолжи да биде еден од клучните играчи во хрватската економија.