Приказната за Ki-Ki бомбоните започна со легендарната коцка на Ki-Ki овошната карамела во 1927 година. Ki-Ki логото е заштитен знак на најпопуларните бомбони во Југоисточна Европа со кои пораснаа безброј генерации.
Слоганот Било каде, Ki-Ki секаде! Се користи од 1935 година кога на отворен натпревар го смислил тогашниот ученик, а подоцна и детски писател, Ратко Зврко.
Со препознатливото лого кое не е сменето од настанокот на Ki-Ki бомбоните, во 1998 е воведен и Ki-Ki кловнот како заштитен знак и носител на комуникација.
Низ својата долга историја Ki-Ki отсекогаш ги следеше потребите и желбите на своите потрошувачи, па така и денес Ki-Ki нуди цела палета на овошни карамели и гумени бомбони. Ki-Ki е првата омилена бомбона кои родителите со доверба ја даваат на децата затоа што сите Ki-Ki бомбони содржат само природни ароми и вистинско овошје или овошен сок.