Велат дека секое време носи свое, и трендови, и приказни, и вкусови, а токму тоа е Крашовата Bajadera: и тренд, и вкус и приказна токму на секое време.
Уште многу одамна се насели во нашите домови како рачно направен десерт и не воведе во новиот свет на пралини. Родена од знаењето на вештите Крашови мајстори и од страста кон изработка на слатки, таа го завзеде своето место во нашите срца, подарувајќи ни полни 65 години уживање во недопрен изворен вкус и верно остана со нас во сите прилики. Со еднаков жар ја даруваме и примаме на подарок бидејќи Bajadera е дел од нашиот идентитет и вкус на традицијата која ја чуваме и со гордост ја пренесуваме на новите генерации.
Фините кремасти ноти на какао путер и аромата на лешник и бадем, испреплетени во единствен состав на заштитена Крашова рецептура, се заштитен знак на Бајадера, која со својата топивост и полн вкус освојува на прва.
Можеби навистина своето име го добила по ориентална дворска танчерка, но денес Bajadera е синоним само за едно – врвно уживање со препознатлив дизајн и форма која со својот квалитет и оригиналност заслужено го ужива статусот на ѕвезда помеѓу пралините во овој дел на Европа. Ја буди фантазијата, но и сите сетила, баш при секое залче. Едноставно, Bajadera е соткаена со задоволство.