Драги љубители на чоколатцата Животинско Царство,
Сакаме навремено да ве информираме дека поради проширување на асортиманот на производи, од крајот на јануари 2025 чоколатцата Животинско Царство можат да содржат траги на алерген кикирики. За да обезбедиме транспарентност и заштита на здравјето на нашите потрошувачи, ја ажуриравме декларацијата на чоколатцата Животинско Царство, која сега вклучува напомена дека производот може да содржи трагови на кикирики.
Се' уште некое време на пазарот ќе можат да се најдат чоколатца кои се произведени пред оваа промена и не содржат траги на кикирики, затоа ве молиме оние кои се осетливи на овој алерген да обрнат внимание на декларацијата на производот.
Сакаме да нагласиме дека рецептурата на чоколатцата Животинско царство, останува непроменета, а квалитетот и вкусот што ги сакате и понатаму се исти.