Празнично руво на слатката Крашова работилница

Дојдоа поладни денови, се облекоа првите капи и ракавици, замирисаа зимските зачини, зашушкаа сјајните обвивки на чоколадите, празниците се пред врата, а нашите мисли насочени кон заедништвото и семејството, на топлината на домот и дарувањето на нашите сакани.

Мајсторите од слатката Крашова работилница и овие празници ги дочекуваат повеќе од спремни, со асортиман на пралини кои мирисаат така неодоливо на традиција бидејќи Bajadera, Griotte i Fontana се препознатливи вкусови кои со десетлетија наназад ги примаме со радост и ги подаруваме од срце.

Своите 65 години постоење, Bajadera гордо ги слави во ново,посебно кружно лимено пакување кое, веруваме, дека ќе се подарува со ист жар и на овие празници зошто Bajadera е една и единствена, најпосебна пралина на нашите простори, при што новите лимитирани пакувани изданија дополнително ги нагласуваат нејзината посебност и шарм.

Bajadera

Тука се и новите златни, премиум изданија на Dorina чоколади кои носат нова фузија на вкусови за сите љубители на ароматични бадеми и киселкасти вишни, како и Dorina премиум со лешник со повеќе пржени лешници за уште поголемо уживање. Подарете ги овие празници на вашите најсакани и заедно со нив, светлината на свеќите и топлината на домот, уживајте во фините ноти на Крашови чоколади во празнично руво.

Dorina

Новитет е и едно сосема зимско Dorina чоколадо кое мириса на портокал и цимет, како што и прилега за празници, а децата ќе ги воодушеви новото Dorina Frosty!

Dorina

Dorina Frosty

Овие празници ги повикуваме сите малечки, но и сите пораснати деца да помислат на Tortica, односно на многу мали тортици зошто оваа година нашата мини Tortica е спакувана во најслатко, крцкаво, снежно пакетче кое ќе се најде под новогодишната елка.

Mini Tortice

За вас подготвивме и посебни новогодишни пакетчиња со кои ќе го израдувате вашето семејство или пријателите овие празници. Сите пакетчиња, како и нивната содржина,можете да ја погледнете тука.

Paketići